Ситно броиме до полициски час: Кој може слободно да се движи?

Иако поголем дел од минатата година ја поминавме во карантин, полициски час и други рестрикции, ретко кој се сеќава што се е потребно за да може некој слободно да се движи во часовите кога е во сила забраната за движење.

Патувања, итни случаи, одење и враќање од работа, специфични професии… за сите нив се потребни дозволи. Но, какви и како до нив?

Дозвола за движење во полицискиот час од 22 навечер до 5 часот наутро имаат сите кои патуваат од или кон аеродром, а како дозвола  ќе се признаваат авионските карти. Истото важи и за другите патници во меѓународниот сообраќај.

За транспортерите на лица и на стока кои транспортот го спроведуваат во полициски час – како дозвола ќе се прифаќа патниот налог.

За транспортери кои транзитираат низ државата останува обврската најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата.

За граѓани кои ќе имаат потреба од итна медицинска грижа – обврска е да се најават на телефонскиот број 192 на МВР.

За сите останати, важат истите правила како и при полицискиот час минатата година: За вработените кои се на работа во време на полициски час, ќе важат старите дозволи издадени од фирмите и од Министерството за информатичко општество и администрација,односно нивната важност само ќе биде обновена.

За оние кои во меѓувреме ги изгубиле, Министерството за информатичко општество и администрација ќе им ги преиздаде решенијата. Во меѓувреме, ќе се издадат и нови за оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ за неопходност.

Покрај одлуката за полициски час, владата реши и во 14-дневен карантин да одат сите домашни и странски граѓани кои се враќаат од земјите од африканскиот континент.

За странските државјани ќе се обезбеди објект за државен карантин, додека нашите државјани ќе одат во домашен карантин.

За патниците од африканскиот континент кои само ќе транзитираат низ државата, задолжително ќе биде потпишување изјава за транзитирање.

Полицискиот час стартува од утре од 22 часот до 6 часот наутро, и ќе биде во сила до 22 март.

Не се исклучува моѓноста, доколку бројките и натаму растат, мерките да се заострат како викенд – карантин.

Претходна вестЗаев: Ќе ги внесеме во Уставот и Австријците, Романците, Бугарите, Торбешите… но пред влезот на Македонија во ЕУ
Следна вестИма кражби и кражби: Ноќеска „дигнале“ цел сеф од обложувалница