На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, соопшто денска МВР.
Имало и осум за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.
-Изречени се 25 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за користење на мобилен телефон, девет за прекршоци што ги чинат пешаците и 17 санкции за непрописно паркирани возила, соопшти полицијата.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.