Можна ли е ваква утка? Центар по погрешен член ги правела елаборатите, кај „Холидеј ин“ ќе се гради

Општина Центар попладнево соопшти дека нема основи за суспензија на деталните урбанистички планови за кои беа изработени елаборати, бидејќи не се во согласност со ГУП.

Градоначалникот Саша Богдановиќ се повикува на мислењето од Министерството за транспорт и врски за поднесените елаборати за суспензија на плановите – вкупно 11 елаборати за 22 плански опфати, изработени од општинската Комисија за урбанизам.

Според мислењето од Министерството за транспорт и врски, кое денеска беше образложено и на посебен брифинг за новинарите, поднесените елаборати не се во согласност со членот 23, став 5 од Законот за урбанистичко планирање, кој според Министерството е единствен правен основ за суспензија на план.

Во елаборатите кои Општина Центар ги достави до Министерството за транспорт и врски наведени се несовпаѓањата на параметрите на ДУП-овите со Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје 2012-2022.

Проблемот што всушност Комисијата за урбанизам н Центар ги правела елаборатите врз основа на членот 35 од Законот за урбанистичко планирање, кој ја обработува неусогласеноста на урбанистичките планови и каде се наброени причините по кои може да се суспендира план, што Министерството го отфрли како неоснован. 

Во мислењето добиено од Министерството за транспорт и врски  исто така се наведува дека параметрите кои се во линиските центри со намена А,Б и В се неограничени и не влегуваат во билансите, со што тој аргумент им е побиен.

Од друга страна пак, според Министерството, неусогласувањето на регулационите линии на ГУП со ДУП, не нанесува штета на јавниот интерес, како и дека во елаборатите никаде не е утврдена штета на јавниот интерес.

Со ова Општина Центар нема основ за суспензија на плановите, се вели во соопштението од Општина Центар попладнево.

Претходна вестНикој нема да одговара за гласањето во скафандери на двајцата пратеници
Следна вестЗошто општина Центар се сокри зад превезот „елаборати против кулите кај Холидеј ин“?