На вакциналните пунктови во државата вчера 2.036 граѓани примиле прва доза вакцина, а речиси исто толку и се ревакцинирале.
Според овие податоци, видливо е успорувањето на вакцинцијата, а тоа се должи на немањето ваакцини во државата. Последните кои пристигнаа се донација од Грција, од 20.000 дози , но „Астра Зенека“ кои кај нас не се даваат на лицаа под 60 години.
Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 36 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 453.180 граѓани, а во државата вкупно се целосно вакцинирани 197.251 граѓани, или нецели 10 отсто.
Додека се чекаат ветените вакцини од Кина, 500.000 „Синовак“, граѓаните секојдневно се вакцинираат во Србија и на граничните премини со Бугарија Делчево и Ново Село.