Од 12 јули граѓаните ќе може да се вакцинираат и без закажан термин.
Тоа ќе се прави во здравствените домови и болници, каде што и досега се одвива вакцинацијата, додека во спортските сали ќе се врши само ревакцинација.
Од следната недела ќе започне и теренската вакцинација. Здравствените домови до петок треба да изготват план и организација за секој ден, време и место на теренската вакцинација и граѓаните кои ќе ја примаат првата доза вакцина на мобилен пункт, а исто ќе биде и за ревакцината.