„Нашата вечер во Охрид“ е музичко-сценскиот проект кој вечерва е на репертоарот на „Охридско лето“. Главната улога е во рацете на српскиот актер и уметник Иван Босиљчиќ, кој ќе презентира стихови на најголемите светски поети.
Тој креира и изведува интимни театарски исповеди, раскажани низ стиховите на големите поети. Со голем успех неговите претстави се изведувани во голем број театри и концертни сали низ целиот балкански регион. Тие се уникатен спој на драмска претстава и концерт, форма која е посебна и ретко видена на нашите простори.
Почетокот е во 21 часот.