На 19 дена пред почеток на учебната година сѐ уште не се знаепо кој модел ќе биде наставата во оваа учебна година, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозицијата исто така укаќуваат дека не само што не се знае моделот, туку во јавноста не е прикажан ниту еден нов учебник за прво и четврто одделение според новата концепција за реформи во основното образование – никој не видел како би изгледал во форма на печатен учебник, односно фотокопија, ниту како дигитален учебник, а нема ниту платформа за поддршка на дигиталните учебници, ниту електронски уреди за следење на наставата, ниту за учениците од прво и четврто одделение, ниту за останатите од ранливите групи кои минатата година останаа без уреди.
Од друга страна, ниту учениците кои не се по новата концепција, како и средните стручни училишта исто така немаат учебници, а не се напишани ниту свидетелствата, кои не се доделија традиционално во јуни, туку министерката Мила Царовска најави дека согласно законската одредба тоа може да биде до почетокот на слледната учебна година, а тоа е за 19 дена.
Од МОН вчера рекоа дека одлуката за тоа каква настава ќе има ќе ја донесе Комисијата за заразни болести врз основа на состојбата. Најпоскауван модел е физичко присуство за сите, но не се исклучува и минатогодишниот модел на онлајн настава за повисоките одделенија и физичка за пониските, а кој МОН смета дека бил успешен.
Третиот модел е комбинирано одење онлајн и физичко присуство.