Во последните 24 часа се направени 8.192 тестирање, а регистрирани се 1.250 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Најмногу има во Скопје – 421, а потоа следуваат Гостивар – 192, Тетово – 133, Куманово – 80, Струмица – 67…
-Пријавени се 22 починати лица: по 4 починати лица од Скопје (51г,66г,69г, и 72г), и Тетово (38г,71г,72г и 77г), 3 починати лица од Гостивар (57г,72г и 80г), по 2 починати лица од Охрид (69г и 85г), Струга (66г и 73г), Кичево (47г и 83г) и Дебар (67г и 84г), по едно починато лице од Куманово (64гг), Велес (47г) и Валандово (76г), се наведува во информацијата.
Од пријавените починати, 21 лице се починати во болнички услови, едно лице е починато во домашни услови.
Регистрирани се 265 оздравени пациенти од Скопје – 84, Гостивар – 44, Тетово – 43, Куманово – 18 итн.
Досега во земјата се направени вкупно 1.101.838 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 167.991, бројката на оздравени пациенти е 151.957, на починати е 5.654, а бројот на активни случаи изнесува 10.380.