Во наредниве денови ќе се презентира методилогијата за скрининг на учениците во основни и средните училишта.
Ова денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче, откако вчера, а и претходниот период уште пред почетокот на учебната година, од МОН беа децидни дека такво нешто не е потребно, бидејќи не го препорачала Комисијата за заразни болести.
И педијатрите и експертите од обаста на миркобиологијата и имунологијата предупредуваа дека државата мора да има систем како ќе прави контрола на учениците, а Народниот правобранител повикувајќи се на пријави од родителите предупреди дека протоколите во училиштата не се почитуваат.
Исто така, речиси секојдневно и на локалните медиуми и на социјалните мрежи се споделуваат информации дека бројот на заразени деца во школите расте секојдневно. Единствен податок кој оди во оваа насока беше оној на ИЈЗ во извештајот за минатата недела во кој стои дека бројот на заразеи кај децата до 9 години е пораснат за 50,5 отсто.
Педијатрите и епидемиолозите побараа д се прават бри тестови во школите, што од МЗ и МОН досега го отфрлаа како можност со образложение дека тоа не е препорака од Комисијата за заразни болести.
Од МОН и вчера рекоа дека нема ширење на заразата во шшколите, но Филипче денеска рече друго:
-Факт е дека има трансмисија меѓу учениците, која е многу мала, но често децата се асимптоматски носител. Во наредниве денови ќе се знае колкава бројка ученици ќе бидат тестирани за да се добие репрезентативен примерок, изјави министерот за здравство.