Ресен, Дебар, Охрид, Струга и околните населени места добија струја

Сите дефекти во преносната мрежа што се во делот на АД МЕПСО се отстранети и нормализирано е снабдувањето со електрична енергија во Ресен, Дебар, Охрид, Струга и околните населени места, соопштија попладнево од компанијата.

Од таму објаснуваат дека причина за прекинот во снабдувањето биле невремето и обилните снежи врнежи.

-Во југозападниот дел на земјава снабдувањето со електрична енергија е нормализирано откако претпладнево без напон останаа два 110-киловолтни далекувода од Вруток до Шпилје и од Битола до Ресен. Причина за испадот се невремето и обилните снежни врнежи, велат од МЕПСО.

Претходна вест12 починати во 24 часа и 377 нови заразени со ковид
Следна вестКако ќе функцинира општеството ако сите се на факултет?