Заев замина од лидерската позиција во СДСМ, кога ќе замине и од Владата?

Владеачкиот СДСМ има нов претседател. Зоран Заев го нема веќе клучот од канцеларија број еден во партијата. Тој синоќа со порака дека очекува посветеност, одговорност и прогресивно политичко дејствување во интерес на сите граѓани местото му го отстапи на неговиот наследник Димитар Ковачевски.

-Членовите на СДСМ го избраа новиот претседател на партијата, на демократски внатрепартиски избори. Му честитам на Димитар Ковачевски и му посакувам успех. СДСМ денес гласаше достоинствено и европски, за стабилна македонска иднина, напиша Заев на Фејсбук.

Но, за тоа што може да се очекува во иднина, посебно за тоа дали новиот лидер на владечаката партија наскоро ќе се појави и во улога на премиер на Владата, Заев не кажа ништо. Таа енигма останува и Заев и натаму ќе ја води Владата како „премиер во оставка“. А колку време тоа же биде така – останува непознаница. Последна изјава која е дадена на оваа тема од страна на Заев на 5 декември е дека тој ќе остане на чело на Владата уште само неколку недели.

-Моето останување во овој дополнителен период е заради обезбедување на парламетнарно мнозинство и еве мислам дека денеска оваа работа ја завршувам. Моите денови се броени во неколку недели, во останување. Со тоа се очекува да има нова Влада, којашто ќе предложи нови министри, нов премиер, отако ќе биде извесно ова со Бугарија. А недели се во прашање, рече Заев на тогашната заедничката прес-конференција со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Договорот за новиот состав на Влада е направен, ама извесноста во преговорите со Бигарија не е извесна иако бевме уверувани од страна на нашите функционери дека се е при крај па затоа и го спасуваа владиното мнозинство. Сега ни се најавува јануари, но од Софија доаѓаат пораки дека преговорите треба да се „надоградуваат“. Ќе се надоградува ли и останувањето на Заев во Владата или ќе му даде простор на неговиот наследник да ја води Владата? 

Претходна вестДо 15 јануари тече конкурсот за избор на македонска порака за Светскиот ден на театарот
Следна вестНе е фер што снегот не им се јави на зимските служби дека доаѓа