Спасовски не знае дали ќе остане на чело на МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека идниот мандатар ќе одлучи дали тој ќе остане на функцијата.

– Ова не е прашање за мене. Тоа е прашање за мандатарот кој ќе одлучува за тоа кои ќе му бидат министри. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да го одработам, а мандатарот во моментот кога ќе биде мандатар, ќе одлучува кои ќе му бидат кандидати за челните позиции, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Пробиштип.

Актуелниот заменик-министер за финансии Ковачевски вчера беше избран за нов претседател на СДСМ, а се очекува, откако беше обезбедено ново парламентарно мнозинство, да го замени Зоран Заев на премиерската функција.

Претходна вестБензините поскапуваат за 2, а дизелот за 1,5 денари за литар
Следна вест19-годишно момче излета од булеварот „Борис Трајковски“, повреден неговиот сопатник-врсник