МВР: 141 санкционирани возачи во Скопје, 47 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се девет мерки за возење под дејство на алкохол, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикл, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Претходна вестБез вода делови од Тафталиџе
Следна вестДенеска е Свети Стефан, заштитник на болните, старите и сиромашните