Кисела Вода и Карпош ќе немаат струја и денеска и утре

По добиеното известување од ЕВН, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, известува дека денеска и утре без електрична енергија ќе остане дел од Општина Kисела Вода и Општина Карпош. Како причинител се наведуваат технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Денеска без електрична енергија од 09:00 до 11:30 часот, ќе останат корисниците од ул. Борис Трајковски крак бр. 1 и бр. 7. (Општина Kисела Вода) и од 14:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Димо Хаџи Димов куќни броеви од бр. 40 до бр. 68.(Општина Кисела Вода).

Утре без електрична енергија од 08:30 до 14:00 часот, ќе останат корисниците од ул.Петар Драпшин, куќни броеви: 1, 4, 5 и 7. (Општина Кисела Вода), од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Малешевска. (Општина Кисела Вода) и од 13:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Костурски Херои куќни броеви: 49 , 51, 53 и 55. (Општина Карпош).

Претходна вестСобранието го изгласа новиот состав на Владата
Следна вестФрчат казни за скопјани