Home АКТУЕЛНО Во две акции во Струмица запленети над 1,5 тон марихуана

Во две акции во Струмица запленети над 1,5 тон марихуана

0
Во две акции во Струмица запленети над 1,5 тон марихуана

Во две полициски акции запленети се вкупно еден тон и 600 килограми марихуана, чија вредност се проценува на 3.200.000 евра.

Според деталите што денеска ги објави минстерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, најголемиот дел од дрогата е запленет во фирма регистрирана за одгледување канабис за медицински цели во Струмица. Таму е запленет над еден и пол тон непријавена марихуана чија вредност е три милиони евра.

Оваа акција ја спровеле полицајци од СВР Струмица заедно со Единицата за недозволена трговија со дрога при БЈБ, а во соработка со членови на Комисијата за оценување на исполнетост на условите за простор опрема и кадар за добивање лиценца за одгледување канабис.

Во исто време, во друга акција се запленети околу 50 килограми марихуана во вредност од 200.000 евра.

Дрогата била пронајдена исто така кај струмичани. Спакувана во три торби, марихуаната била откриена при претрес на возило во кое биле две лица – едно од струмичкото село Сачево и еден сопатник од Струмица. Возилото „шкода октавија“ било запрено на патот Охрид-Ресен кај селото Јанковец, по што по наредба од Основниот суд Ресен бил направен претресот.

Двете лица се приведени и против нив, како што најави Спасовски, ќе се поднесат кривични пријави до битолското обвинителство.