Малолетник е тешко повреден откако во него удрил автомобил на улицата „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје.
Несреќата се случила вчера, а возилото го управувал 68-годишниот Д.М. од Скопје.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.