Home АКТУЕЛНО Болно и изнемоштено лице од Галичник со помош од „Тигрите“ со хеликоптер стигна до болница

Болно и изнемоштено лице од Галичник со помош од „Тигрите“ со хеликоптер стигна до болница

0
Болно и изнемоштено лице од Галичник со помош од „Тигрите“ со хеликоптер стигна до болница

По упатен повик до Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска била побарана помош од МВР за евакуација на болно изнемоштено лице, жител на село Галичник, општина Маврово-Ростуше.

Од страна на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, во содејство со Хеликоптерската единица на МВР, веднаш било одговорено на поставената задача.

-Припадниците на специјализираниот алпинистички тим на САЕ „Тигар“ заедно со колегите од Хеликоптерската единица денеска во периодот од 7 до 10 часот извлекоа жител на село Галичник, а поради снежните навеви на патиштата кон селото, тимот беше принуден да се спушти на локацијата во Галичник, користејќи специјална опрема за спуштање и кревање од хеликоптер. Од страна на полициските службеници лицето беше подготвено за транспорт, ставено во хеликоптер и транспортирано до ГОБ „8 Септември“ во Скопје, каде беше предадено за укажување на медицинска помош, се наведува во соопштението на МВР.