Абердин треба да стори се’ за да го задржи Миовски

40

Лејтон Кларксон, играчот за врска на Абердин, поранешен фудбалер на англискиот Премиерлигаш, Ливерпул, „смета клубот треба да стори се“ за да го задржи македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и по јануарскиот преоден рок. Според шкотските медиуми, Селтик веќе подготвува понуда за 24-годишниот Миовски кој сезонава постигна 14 гола во сите натпреварувања.

– Тој е напаѓач со врвен квалитет. Би сакал да остане и знам дека тоа го сака остатокот од тимот и навивачите. Многу е важно да го задржиме Бојан, вели Кларксон. Миовски минатата сезона постигна 18 погодоци, а во истата форма игра и сезонава. Тој веќе даде 14 гола што е многу добро. Јас имам многу добра врска на теренот со него во однос на неговото движење, истакува Кларксон.

Миовски е голгетерска сензација во Шкотска откако Абердин го ангажираше од унгарскиот МТК Будимпешта за 616.500 евра во јуни 2022 година. Тој има договор со Абердин до летото 2026 година.

Претходна вестСо Митревски ракометарите се комплетираа на подготовките
Следна вестДоктор Петровски од ИЈЗ: Електронските цигари се исто така штетни како и обичните цигари