АД ЕСМ: Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен од мрежа

АД ЕСМ информира дека Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен заради сервисни активности на опремата во постројката. Санацијата треба да заврши до недела.

-Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозволуваат тоа. Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК Битола ќе продолжи да работи со целиот свој капацитет, соопштуваат од ЕСМ.

Претходна вестНов земјотрес во централна Италија
Следна вестФатени крадци од Скопје, краделе чанти од минувачи на улица