Адеми се повреди, се стравува од можна скршеница на стапалото

Дали фудбалскиот бидер Аријан Адеми е сериозно повреден? Ова е прашањето кое одекна во македонската јавност откако од Хрватска доаѓаат неочекувано лоши вести дека на еден од нашите најдобри репрезентативци му се заканува посериозна повреда.

Веќе се најавува дека Адеми дефинитивно нема да го игра реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на Европа со Виљареал, но од редовите на хрватскиот шампионат стравуваат и дека сезоната на нивниот капитен е завршена.

Целата ситуација ќе биде разјаснета по резултатите од дополнителните прегледи, кои ќе покажат дали Адеми има скршеница на стапалото.

-Денес ќе бидат извршени деталните прегледи. Снимките ќе кажат за што точно се работи, но стравуваме, првичните прогнози не се добри, истакнал тренерот на Динамо, Дамир Крзнар.

Адеми поради болка во стапалото вчера предвреме го заврши натпреварот со Локомотива во хрватскиот шампионат.

Претходна вестСандански ги здружи султанот, кнезот и кралот – сите против него
Следна вестУапсени две лица кај патарината Сопот, во возилото имале голема количина хероин