„Аџибадем Систина“ ќе врши тестирања за корона вирусот

И приватната Клиничката болница „Аџибадем Систина“ започнува со тестирање за детекција на корона вирусот. Како што беше соопштено, тестирањето се врши единствено со претходно закажување термин преку телефонскиот број 02 309 9500.

Тестот кој се користи е високопрецизен брз хроматографски тест за детекција на IgG и IgM антителата кои се создаваат од корона вирусот (COVID-19). Овој тест, како нов производ на пазарот, сега се користи речиси во сите болници во Велика Британија, САД, Полска, Србија, Турција, Италија и други земји зафатени од пандемијата на коронавирусот. Научниците го тестирале првично во градот Вухан, во Институтот за вируси во Кина, каде што се потврдил како еден од најефикасните и најбрзи методи за детекција на коронавирусот.

Тестирањето е преку земање примерок од крв, а процедурата на тестирање не трае подолго од 10 минути. Примероците за тестирање на Ковид-19 се земаат во специјален пункт што е целосно одделен од останатиот дел од болницата со цел максимална безбедност и заштита.

,,Аџибадем Систина’’ има капацитети за вршење на 300 тестови дневно, а моментално има набавено иницијална количина од 15.000 тестови. Цената на тестирање изнесува 1.200 денари.