Адриан Паци во Даут пашин амам

Адриан Паци, еден од најзначајните современи визуелни уметници на интернационалната уметничка сцена, вечерва, со почеток во 19.30 часот ќе одржи свое предавање во Даут пашин амам. Предавањето е дел од групната изложба „Неименуваното е одговор“, курирана од Ивана Васева, која е поставена сè до 20 септември.
Како што сооштуваат организаторите, Паци ќе направи презентација на неговата работа во историски и уметнички контекст и после тоа ќе има разговор со публиката.
-Рефлексијата на улогата на уметникот во општеството, односот на рачно изработената работа и уметничката активност, прашањето на функционалната страна на уметноста, проблемот на уметничкото дефинирање на бесконечните синџири на активности кои ги врши денес уметникот, како и основниот проблем на дефинирање на уметникот, се некои од моментите што го придружуваат ‘Пиктори’“, стои во најавата за предавањето.