Аеродром ќе го победува ѓубрето со повеќе работници и механизација

Се прави реорганизација на комуналната служба на Општина Аеродром. Како што соопштуваат од општината тоа се прави со цел – обезбедување почисти јавни површини на целата територија на Општината.
Во рамките на новата организација се предвидува ангажирање фирма со механизација и опрема за чистење смет и чистење мини депонии, како и 10 специјални возила за чистење и цистерни за миење на улиците.
Ќе бидат ангажирани и повеќе сезонски работници, од 120 на 200 лица задолжени за чистотата во најнаселената општина во Скопје.