Темно Режим Светло Режим

Аеродром воведува анонимно оценување на работата на општината

Општина Аеродром воведува нов, анонимен систем со кој граѓаните директно можат да ја оценуваат работата на општината и вработените, со цел поголема транспарентност и подобрување на услугите.
Анкетата е кратка, трае помалку од една минута и не собира лични податоци. Граѓаните можат да учествуваат преку скенирање QR-код поставен на официјалните банери на општината. Со оценките ќе се препознаваат добрите практики и ќе се утврдува каде е потребно подобрување. Од Општина Аеродром велат дека мислењето на граѓаните е клучно за поефикасна и поодговорна локална самоуправа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

И утрово општина Гази Баба рушеше дивоградба и спречи две нови да никнат

Следниот Пост

Ќе стане ли „Зимзоленд“ - „Летоленд“, оти зимата ќе заврши, а не го затворија?