Имавме идеали да нема граница со Албанија, но прагматизмот, а не фанатизмот, победи, а Албанците денеска се рамноправни граѓани во државава ,рече лидерот на ДУИ Али Ахмети на прославата одржана во меморијалниот комплекс на ОНА (УЧК) во Сопот.
Тој истакна дека иднината на сите во Македонија е во ЕУ, во која заедница практично се бришат границите, па така и границите со Албанија и Косово, кога еден ден трите држави, како што рече, ќе бидат членки на ЕУ.
-Кога ја почнавме активноста, ја почнавме за да ја направиме Албанија, да нема граница, но политиките се сменија и избравме прагматизам, а не фанатизам. Ние избравме Албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари и да се залагаат во сопствената држава, а ова знаме денес е официјално и неприкосновено. Еве ја крвта на стотици војници, патриоти и Албанци. Албанскиот јазик е официјален и неприкосновен, рече Ахмети, пренесува ТВ21.