Ахмети: Со Рамковниот, од кираџии станавме господари во нашата земја

709

Нас нѐ интересираше во договорот да се опфатат супстанцијалните елементи, за од кираџии да станеме господари во нашата земја, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната конференција на тема „По Охрид“, по повод 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

-Ние сме силни, ние сме господари на оваа држава, Албанците беа исклучени од секое движење, Албанците беа исклучени од процесите. Не стигнавме до 21 век барем да го направиме чекорот што го направивме во 1903 година во Илинденското востание заедно Албанците и Македонците, Власите за заедничка држава. Имаме големи историски одговорности дури и како политичка партија за надминување и работа со луѓето за надминување на предрасудите. Во оваа земја сѐ уште има предрасуди. Сѐ уште постојат интереси кои се мотивирани од идеологии и земји кои не го сакаат напредокот на нашата земја, туку ги сакаат нивните влијанија, рече Ахмети.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестВо автобус од Турција се обиделе во земјава да внесат злато вредно 150.000 евра
Следна вестДеновиве топло, од понеделник се враќаат 40 степени