Ајде да сме хумани за Атиџе од „Медена земја“

Донаторска конференција за помош на протагонистите во филмот „Медена земја“, Атиџе и нејзиното семејство со 8 деца, организира продукцијата што го изработи филмот.
Донациите преку Телеком можат да се обезбедат на бројот 143-777, а преку ВИП, на 143-502. Исто така, на официјалната веб-страница на филмот honeyland.earth е поставен линк, каде со нарачка на мед се донира за нив. Со парите ќе се помогне да се изгради куќа за Атиџе и да се обезбеди школување за децата.
Инаку филмот освои три награди на фестивалот Санденс во САД, меѓу кои и Главната награда од жирито во програмата Светски филм за документарци, Специјалната награда од жирито за влијание за промена за Котевска и Стефанов, како и Специјална награда за камера за Фејми Даут и Самир Љума.