Дали ако не се сопре гласањето на ДУП-овите за Железара, еко-катастрофата е на праг?

Жестока расправа се случуваше вчера на презентацијата на деталните урбанистички планови во општина Гази Баба. Граѓаните, активистите и жителите на Железара наспроти мнозинството советници од власта. Првите се гневни дека ако урбанистичките планови поминат му следува нова голема еколошка катастрофа на Скопје, бидејќи се отвора патот за термички, физичко-хемиски и хемиски третман на неопасен отпад. Вторите си ја тераат замислата и како да немаа многу разбирање за првите. Така барем изгледа видеото од расправата кое кружи на социјалните мрежи.

Граѓаните и активистите бараа расправата да не се одржи, бидејќи доста поголем број сакале да присуствуваат, а не можеле од страв од пандемијата. Но за советниците од власта тоа не беше причина за да се одложи презентацијата.

-Презентација не треба да се случува. Второ, уште волку луѓе сакаат да дојдат, но поради пандемијата и страв на своето здравје – не доаѓаат. Овој план што се однесува на Железара, не може да се одржи, рече еден од советниците.
– Па, нека си одат луѓето ако не може да се одржи, одговори координаторката Благица Блажевска, по што настанаа надвикувања.
-„Како може така?“, „Алал да ти е“, „Нема да дозволиме тешка загадувачка индустрија“ одекнуваше од граѓаните.
– Дел од нив беа и станати од столчињата, а координаторката се бранеше со контра зборови „Не можете така да ми нафрлате“, „Нема да има тешка загадувачка индустрија“ и „Не може во вакви услови да има расправа“, „Јас не ги донесов Макстил и другите фабрики таму, супер си се ДУП-овите“…

Жестоката расправа заврши откако во општината останаа активистите кои собираа петиција и коментари против гласањето на новите детални планови. Велат, ако не сопрат со гласањето до 29 април, истите ќе бидат донесени и нема да има назад.

Претходна вестКако што Пандев ги израдува нив, така пандевци го израдуваа Пандев
Следна вест10 години јубилеј на Скопје танцовиот фестивал