Oд ЕУ пак ни кажаа сменете го Уставот, а за гаранциите дека тоа ќе биде последно вето, не можеле да дадат. Овој пат, задачата ова да ни го соопшти му се падна на францискиот амбасадор во Скопје.
„Нема можност за дополнителни гаранции, туку нудиме предвидливост во рамките на постојната преговарачка рамка” истакна Кристоф ле Риголер.
Е токму таквите ставови и резолутни одговори од ЕУ отвораат многу неизвесност па дури и стравувања во Македонија. Досегашното искуство ни
покажува дека стравот е оправдан.
Со години ни се даваа, те датуми за почеток на преговори, те тешки услови кои мора да ги исполниме. И еве, иако условите од кои некои беа и понужувачки се исполнија – датумот за преговори не дојде.
Затоа и ставот на премиерот Христијан Мицкоски е јасен – нема да прифати уставни измени без јасен исход и конкретни гаранции од ЕУ дека нема да има нови вета и барања кои задираат во основата на македонскиот народ и држава.
Македонија веќе еднаш за време на владата на СДСМ и ДУИ беше внесена во компромиси во кои основата беше да се клечи пред странските барања. Тоа очигледно не помогна, напротив ја оддалечи нашата земја од ЕУ, оти некои нејзини членки се осилија барајќи сега сите да клечат како СДСМ. Но, доста е клечење, тоа го кажа јасно и народот преку избори и на многу анкети.
Затоа, се наметнува прашањето, ако нема гаранција за предвидлив напредок на Македонија по патот за ЕУ, дали воопшто нашата земја и ќе се движи по тој пат или Брисел ќе не држи во место задоволувајки хирови на свои членки?
Едноставно, без гаранции, „предвидливоста” лесно може да стане само ново име за – неизвесност.





