Темен режим Режим на светлина

Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?, прашуваат од СДСМ

СДСМ: 18 дена нема одговор за најголемиот нарко-скандал – Како 5 тони дрога помина преку граница? СДСМ: 18 дена нема одговор за најголемиот нарко-скандал – Како 5 тони дрога помина преку граница?

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се извади од кашата во која самите се ставија, откако се заиграа со наводни шпионски афери за да дефокусираат од сопствената неспособност. Наводната афера која очигледно со месеци ја спремале за пред избори и требаше да биде некакво оружје против СДСМ, им пукна како бомба во раката, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, што МИА го пренесува целосно.

Им порачуваме јасно и гласно: Декласифицирајте! Не чекајте ни истрага, ни ништо. Нека видат граѓаните дали бил вистински следен премиерот, кој бил следен, со кого комуницирал тој. Бидете еднаш во вашето 30-годишно постоење храбри и чесни, барем тоа му го должите на овој народ. Па сите кои злоупотребиле – нека одговараат.

Ова е чесна понуда од СДСМ и ние немаме од што да се плашиме. Прашањето е, дали имате вие?

Неспособноста со која ја водите државата ве бутка секој ден во сѐ поголеми лаги, во сѐ поголеми измислени крими-скандали, жолти комбиња, дронови што го следат премиерот, дестабилизации. Цели 15 месеци не видовме разрешница на ниедно од овие сценарија. Вашите криминални романи никогаш немаат крај.

Затоа сега имате шанса – декласифицирајте! Тоа можете да го направите за еден ден, согласно закон. Секако, ако имате храброст.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Шампионот Ѓорче Петров со победа ја почна сезоната

Следна објава
Земјотрес од Косово почувствуван во северозападна Македонија

Нов земјотрес во државата, почувствуван во Кичево, Охрид и околината