Ако сте талентиран стрип-креатор, еве каде да конкурирате

Стартува стрип конкурост „Стрип фестивал-Скопска стрип акција“, а сите заинтересирани автори, заедно со стрипот треба да испратат лична биографија и називот на стрипот, најдоцна до 25-ти мај на stripkonkurs@gmail.com.
Право на учество имаат сите лица кои живеат или учат/студираат во главниот град, без разлика на полот и возраста.Должината на стрипот треба да биде од една до шест табли на А4 формат, а доколку е на една страна треба да биде со најмалку пет сликички. Tемата на стрипот е слободна, секој автор може да учествува со само еден стрип а на еден стрип можат да работат повеќе автори.
Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена комисија којашто ќе направи избор и ќе ги додели веќе востановените награди и признанија, а сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за излагање во склоп на завршната изложба во Дом на култура „Кочо Рацин“.