Ако трговците не ги намалат цените, ќе следат високи казни

Ако трговците не ги почитуваат владините одлуки за намалување на цените на тестенините и млечните производи, тогаш ќе следат високи казни, предупредува Владата.

Премиерот Ковачевски и министерот Бектеши денеска ги соопштија одлуките на Владата за замрзнување на цените на тестенините и млечните производи.

Премиерот Ковачевски на денешната прес-конференција рече дека одлуките се донесени во интерес на граѓаните и нивните потреби и дека ќе стапат во сила на 16 март.

– Ова е доволен временски период за трговците да ги прилагодат цените. Апелираме да се почитуваат Одлуките, затоа што во спротивно, без селекција, ќе следат казни, кои според Законот за трговија се исклучително високи. Исто така, апелираме, доколку граѓаните забележат било какви неправилности кои се поврзани со цените на производите веднаш да пријават во Државниот пазарен инспкеторат, изјави Ковачевски.

Тој напомена дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуките, но дека нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

Претходна вестМухарем Бајрами повеќе не е тренер на Македонија Ѓорче Петров
Следна вестНевработеноста во четвртиот квартал лани 14 отсто