Темен режим Режим на светлина

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари, информираше ЦУК

Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека во текот на изминатото деноноќие имало 20 пожари на отворен простор од кои активни остануваат четири и еден е под контрола.

Активни се пожарите кај селото Виниче во месноста викана Муратица во општина Гази Баба, кај селото Петрово на планината Кожуф, кај селото Никуштак во општина Липково и кај селото Вражале во општина Зелениково.

Според информациите од ЦУК, под контрола е пожарот кај селото Трубарево во општина Гази Баба.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Околу 350.000 жители од Газа побегнале од градот поради израелската офанзива

Следна објава
Божиновска: Инвестирањето во луѓето е клуч за успешна енергетска транзиција

Божиновска: Пониски сметки, почист воздух, Европски стандарди – Собранието го усвои Законот за енергетска ефикасност