Активни над 15 илјади случаи со КОВИД-19, регистрирани 184 реинфекции

Бројот на активни случаи со КОВИД-19 во земјава изнесува 15.576, а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата кај нас достигна 243.284.

Во последното деноноќие се направени 7.564 тестирања, а регистрирани се 1.635 нови случаи на КОВИД-19. Од новодијагностицираните, во главниот град се 785, а следни со најмногу заразени се Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78 и Кичево – 47.

Како што соопшти ресорното министерство, од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 184 реинфекции.

Регистрирани сe 1.276 оздравени пациенти, а починале девет пациенти, сите во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.700.555 тестирања на Ковид-19. Бројот на оздравени пациенти е 219.616, а на починати е 8.092.

Поради нагорната линија на позитивни лица со КОВИД-19, се очекуваат надлежните да соопштат дали на време ќе почне второто полугодие од учебната 2021/2022 година, на кој начин ќе се одвива наставата или ќе има одложување.

Брзо ширење на омикрон сојот на коронавирусот има речиси во сите држави, а експертите предупредуваат дека врвот на инфекцијата допрва доаѓа.

Претходна вестКазни за 149 возачи во Скопје, 34 за брзо возење
Следна вестПриведени тројца крадци од Свети Николе, полицијата ги фатила непосредно по кражбата