Акциите траат но билансот не опаѓа, казнети 166 возачи

 

Полицијата во Скопје вчера, во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изрече вкупно 166 мерки, од кои 31 за возење повеќе од дозволената брзина, 20 за возење без возачка дозвола, а четири за возење под дејство на алкохол.

Изречени се и 11 санкции за користење мобилен телефон, осум за непрописно престројување, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), како и 51 мерка за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.