Алабаковски до Владата: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

И на третиот ден од големите протести под мотото „Ултиматум – не благодарам” многу граѓани од цела Македонија се собраа да го изразат својот револт пред Владата. Негодуваат што власта покажува подготвеност да го прифати францускиот предлог за добивање на „датум“ за преговори, кој всушност ќе се претвори во дадени датуми на Бугарија да прави што сака во нашата земја.

На протестот се појави и познатиот пејач Ламбе Алабаковски кој не така одамна е обвинет за палење на влезот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Тој ја отпеа државната химната, а потоа извади хартија на кое пишуваше „преспански договор, бугарски договор, француски предлог, фашизам”. Алабаковски сето тоа го запали.

-Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, истакна тој пред многубројните протестанти и покажувајки со прст кон зградата на владата.

Инаку, извесно време по тоа еден дел од присутните на протестот фрлаа кон владината зграда јајца и шишиња, по што ја пробија заштитната ограда и се доближија до влезната врата на владата каде застанаа пред засилениот кордон полицајци.

Голем дел од протестантите тргнаа кон Собранието каде исто така беше пробиена заштитната ограда по што присутните фрлаа јајца и шишиња кон зградата на македонскиот парламент.

Претходна вестУКИМ: Хакиран ни е фејсбук профилот од непознат субјект
Следна вестФрлав јајца кон владата, тоа им фали на министрите за да кажат НЕ на францускиот предлог