Алек е првото бебе родено годинава, мајката долго чекала пород

131

Десет секунди по полноќ се роди првото бебе за оваа година. Неговото име е Алек, тежи  3.760 грама, долго е 52 сантиметри, а родено е по природен пат.

Доктор Горан Димитров кој ја породи мајката на Алек – 34 годишната Наташа Стефковка од Скопје рече дека семејството долго чекало пород. Тој им порача на сите жени кои сакаат да станат мајки да го следат примерот на породената, на која желбата и се остварила, и тоа 10 секунди по полноќ.

Досега во Новата Година се родени шест бебиња на Гинекологија, од кои повеќето се машки.

Директорката на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска, рече дека во првите 15 минути од оваа година биле родени три бебиња, а според неа, тоа е добар знак дека годината ќе биде подобра од претходната.

Претходна вестНа Токсикологија примени 22 пациенти, најмладиот има 14 години
Следна вестБурна новогодишна ноќ: 20-годишник прободен со нож, три сообраќајки