Александар Трајановски од ГРОМ е нов заменик-градоначалник на Скопје

На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски, соопшти денеска Градот Скопје.
Во соопштението се наведува дека Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран за член на Советот во Град Скопје на локалните избори кои се одржаа минатата година.

-Имајќи во предвид дека во тек е неговиот втор мандат како советник во Град Скопје, Трајановски е еден од поискусните во овој советнички состав со долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација, се додава во информацијата.
Трајановски е прва генерација стипендист на програмата за „Напредно лидерство“ – АЛПИ организиран од Институтот ИРИ, Американската амбасада и Стејт департментот.
Воедно е стипендист на Институтот за јавни политики „Мајка Тереза“ поддржан од Европската Унија.
Инаку, Трајановски е секретар за Меѓународна соработка на ГРОМ-Граѓанска Опција за Македонија.

Претходна вестПовредена жена во центарот на Скопје
Следна вестПендаровски: Не се разгледува можност за враќање на задолжителниот воен рок