Алијанса за Албанците избира претседател, Таравари е единствениот кандидат

Алијансата за Албанците (АА) денеска во Центарот за култура во Тетово ќе одржи вонреден Конгрес.

На конгресот ќе се избере нов претседател на партијата, а единствен кандидат е досегашниот в.д. претседател, Арбен Таравари.

Од партијата информираат дека третиот конгрес ќе се одржи во два дела: свечен со учество на гости и отворен за медиуми и работниот дел, што ќе биде затворен и само за делегати.

Пред шест месеци дотогашниот претседател на АА, Зијадин Села поднесе неотповиклива оставка на функцијата партиски лидер поради резултатите од изборите за Совет во Општина Тетово.