Од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции анализираше 19, од кои кај 10 случаи утврди дека се непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операции, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу.
Од доставените 25 случаи, комисијата утврди дека шест треба да се испратат до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи таа не е надлежна.
Претседавачот на комисијата, доктор Жарко Христовски рече дека во оваа првична фаза анализирале само потреба од реваскуларизација т.е.кај пациенти кои имаат васкуларна болест, а сите други пациенти ќе се анализираат по пријава или при следната фаза од нивното работење.
Комисијата беше формирана откако кардиохирурхот Сашко Кадев објави дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и непотребни стентирања и операции.
Доктор Христовски рече дека и за овие случаи и за следните кои би биле пријавени, ќе работат заедно со стручната комисија која е формирана од доктори од странство и ќе продолжат да работат на сите индикативни случаи.
„Од досегашните пријавени случаи ние заклучивме дека за поголемиот број од нив имаме неправилно упатени и неправилно оперирани пациенти“, рече доктор Лозанче.
Според министерот Алиу ова е прелиминарен извештај, потоа ќе се работи заедно со комисијата од странство, по што ќе се знае дали и таа комисија ќе најде оправданост за таков заклучок. Дури потоа може да се размислува за доставување на сите ови наоди го други институции меѓу кои и Јавното обвинителство.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



