Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека постапката за ангажирање на 150 здравствени професионалци во Клиничката болница во Тетово е во завршна фаза и дека не станува збор за неисполнето ветување, туку за тек што е почнат и се ближи кон крајот.
“Ние не ветивме, туку реализиравме. Процесот не е целосно завршен, но, сите чекори за вработување на овие лица се завршени, освен потпишувањето на договорот и завршната средба со директорот.”
„Ова е процес што веќе е во тек и не може да се поништи. Ниту министерот, ниту директорот не можат да одлучат да го откажат по локалните избори – едноставно тоа не е можно”, рече Алиу во интервју за Алсат-М.
Сите кандидати биле тестирани и финалната листа е составена. Сега преостанува само последната административна фаза, која подразбира кратка средба со директорот и последователно потпишување на договорот.
Министерот исто така извести дека освен овие работни места што се во процедура, ќе има и нови вработувања, поради значајниот дефицит на персонал во здравствениот сектор во земјата. “Здравствениот сектор е еко-систем што се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри, технички кадар и лекари. Ние не можеме да го планираме буџетот врз основа на минатото, туку според реалните потреби. Во моментов го изработивме првиот нацрт-скен на состојбата и имаме две сценарија: институции со сериозен недостиг и институции со повеќе кадар отколку што е потребно”, објасни министерот.
Министерството подготвува внатрешна прераспределба за балансирање на медицинскиот персонал во склад со потребите, како и за зголемување на транспарентноста и ефикасноста на услугите. “Ќе има реорганизација на услугите и кадарот. Ќе биде потребно време, но, целта е здравството да стане поквалитетно и потранспарентно. Со дигитализацијата како трета столбна точка на реформата, граѓаните ќе имаат пристап до информации во реално време за секоја услуга и процес – вклучително и случаите кога има доцнења или пречки”, додаде Али

