Екипата на Алкалоид со квалитетна игра се избори за голема победа над АЕК во Атина во првиот натпревар од финалето на Европскиот Куп на ЕХФ.
Македонскиот ракометен прволигаш славеше во Грција со 29:25 и со тоа направи голем исчекор кон обезбедување на трофејот во ова европско натпреварување.
Сепак ова издание мора да биде потврдено во Скопје, остануваат уште најмалку 60 минути за да работата биде комплетирана, завршена до крај. Алкалоид досега своите мечеви ги играше во Автокоманда, но сега реваншот од финалето ќе го игра во СЦ „Борис Трајковски“.
Мечот е закажан за в недела од 20:30 часот, а веќе од денеска ќе можат да се набават влезници по цена од 200 и 300 денари преку продажната мрежа на „МКТикетс“. Билетите ќе бидат пуштени во продажба од 13 часот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



