Екипата на Алкалоид без поголеми проблеми славеше победа со 27-40 на гостувањето кај Куманово во 21. коло од Суперлигата.
Момците на Кире Лазаров доминираа од почетокот до крајот и брзо ја најавија победата поведувајќи со 10:19 до крајот на првиот дел.
Во вториот дел Алкалоид продолжи во ист стил, па така високата предност во ниту еден момент не беше загрозена.
Најефикасен на теренот беше Александар Петковски кој постигна 13 голови, девет на спротивната странап остигна Филип Џанкарло.