Алкалоид на пенали до европско финале

110

Ракометарите на Алкалоид се пласираа во финалето на Европскиот куп на ЕХФ, откако вечерва во драматичен натпревар на реваншот во Сандефјорд го елиминираа норвешки Рунар на пенали.

Вечерашниот реванш полуфинален натпревар во регуларниот дел заврши со победа на Рунар со 34-29, со што вкупниот резултат беше израмнет (71-71), откако Алкалоид победи на првиот натпревар во Скопје од 42-37.

Патникот во финалето беше одлучен во пенал серијата во која Серафимов, Митев и Петковски беа прецизни во редовите на Алкалоид, а Рунар не реализираше три седмерци и македонскиот тим забележа историски успех.

Противник на Алкалоид во финалето на ЕХФ Европскиот куп ќе биде грчки АЕК, кој во полуфиналните пресметки беше поуспешен од Извиѓач од Босна и Херцеговина.

Претходна вестДарио Иваноски победи на полумаратонот во Дубровник
Следна вестФФМ: Не дозволуваме уцени и криминал, не може Гостивар да го валка фудбалот