Алкалоид победи во Битола, Вардар убедлив против Тиквеш

Тимот на Вардар ја заврши својата работа во шестото коло од плејофот во македонската ракометна Суперлига совладувајќи го Тиквеш во „Јане Сандански“ со 35:25. Гостите од Кавадрци се „држеа“ во првото полувреме, но потоа во второто, Вардар „додаде гас“ и брзо го одлучи натпреварот во своја корист. Предноста од десет гола црвено-црните ја создадоа во последните 20-тина минути од натпреварот.

Првиот дел помина во изедначена игра и на пауза се замина со 15:15. Сепак, набрзо во вториот следуваа неколку кратки серии на Вардар со кој ја обезбеди победата.

Георгиевски и Манасков со по шест гола беа најефикасни, а Томовски имаше 14 одбрани. Хамзиќ и Симиќ, пак, со по пет гола го предводеа Тиквеш.

Во натпреварот кој се одигра претходно Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен во Битола беше поразен од Алкалоид со 30:35. Најефикасни во победничката екипа со по седум погодоци беа Мартин Серафимов и Божидар Илиески. Во поразениот табор се истакна босанскиот интернационалец Павле Петровиќ со осум погодоци.

Претходна вестВечерва во Скопје и Битола протести за смртта на малата Јана
Следна вестПретрес во кумановско, пронајдена дрога