Дванаесетмина возачи синоќа се казнети со одземање на возачките дозволи оти биле фатени како возат пијани. Кај едниот од нив било констатирано дури 2 промили алкохол.
-Во ноќните часови од 22 до 4 часот, сообраќајната полиција спроведе контрола со алко-тест на возачи запрени на територијата на СВР Тетово, при што за 12 возачи било утврдено дека се во алкохолизирана состојба. Кај еден возач е утврдено дека имал 2 промили алкохол во крвта, што е тешко пијанство, а еден возач одбил да биде тестиран. Нив времено им се одземени возачките дозволи и се изготвени соодветни прекршочни поднесоци, соопштуваат од тетовската полиција.
Изречените казни не се само во Тетово, туку 7 лица се од таму, додека останатите пет од Гостивар.