„Американ рекорд гајд“: „Македонисимо“ на Трпчески составен од професионални класични и фолклорни музичари

Блескави критики за „Македонисимо“ на Симон Трпчески напиша најстариот американски магазин специјализиран за рецензии „Америкен рекорд гајд“. Во својата последна препорака до читателите го издвои „Македонисимо“ опишувајќи го како „амбициозниот проект инспириран од фолклорната музика, предводен од пијанистот Симон Трпчески“. Го појаснува дури и и самиот наслов „Македонисимо“ -дека значи „мошне македонски“.

– Народната музика во неговата родна Македонија е преполна со ритмичка виталност и модална убавина. За Трпчески и многу други Македонци, таа е дел од секојдневниот живот и така е уште од детството. За „Македонисимо“, тој групирал песни и танци во шест плетенки или фолклорни збирки… Македонскиот композитор Панде Шахов потоа ги транскрибира за Трпчески и остатокот од квинтетот „Македонисимо“, составен од професионални класични и фолклорни музичари. Тие во 2017 година тргнаа на меѓународна турнеја со проектот, што доведе до овој албум. И тоа каков албум! Тоа не е просечно поимање на народната музика, Шахов не цели кон етномузиколошка автентичност, туку кон вистински оригинална и лична транскрипција, што го задржува суштинскиот дух на музиката. Неговата заднина во џезот може да се почувствува во начинот на кој пристапува кон пишувањето за квинтетот, правејќи простор за импровизации и украси, пишува „Американ рекорд гајд“.