Американците и Канаѓаните тврдат: Не набљудуваат Кинески шпионски балони

Канадската национална одбрана, по сличниот инцидент во САД, потврди дека и тие забележале кинески шпионски балон. Откриен е балон за надгледување на голема височина, а неговото движење активно го следи Северноамериканската воздушна одбранбена команда (НОРАД), се вели во соопштението на националната одбрана, пишува британски Индипендент.

– Канаѓаните се безбедни и Канада презема чекори за да ја осигура безбедноста на својот воздушен простор, вклучително и следење на можноста од друг инцидент. Официјални лица од канадските вооружени сили, Министерството за национална одбрана и други партнери ја проценуваат ситуацијата и работат во тесна координација. Канадските разузнавачки агенции работат со американските партнери и „продолжуваат да ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на чувствителните информации на Канада од странски разузнавачки закани, се вели во соопштението.

Претходно за ваков инцидент обвиниа и од американските вооружени сили.

– Постои сомневање дека кинески шпионски балон лета над САД веќе неколку дена, а високи американски функционери го советуваа американскиот претседател Џо Бајден да не го соборува поради стравувањата дека остатоците може да претставуваат закана за безбедноста. – Јасно е дека намерата на овој балон е надзор, изјави висок претставник на американската одбрана.

Вашингтон го надгледува балонот откако пред неколку дена влезе во воздушниот простор на САД, во кој има и американски воени авиони со екипаж.

Високи американски воени претставници размислуваа да го соборат балонот над Монтана, но на крајот препорачаа да се спречи тоа поради потенцијалниот безбедносен ризик од остатоците.

Американските власти го покренаа ова прашање со нивните кинески колеги.

– Им укажавме на сериозноста што оваа проблематика ја има за нас.Шпионските балони летаа над САД неколку пати во последниве години, но се чини дека овој се задржува подолго отколку во претходните случаи, рече официјалниот претставник.

Тензиите меѓу Кина и САД, двете најголеми економии во светот, се зголемуваат од неодамна поради недоразбирањата околу Тајван и кинеските воени активности во Јужното Кинеско Море.

 

Претходна вестСДСМ го искара ВМРО-ДПМНЕ за задолжувањето на општините и отиде да ја задолжи Македонија
Следна вестВо скопски Аеродром украдени влезни врати од згради