Американецот Габриел Ескобар утре доаѓа во посета на Скопје

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, утре доаѓа во посета на Скопје која ќе заврши в петок (25 август) за кога се предвидени најголем дел од средбите со неговите соговорници. Според најавите, американскиот дипломат ќе разговара со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Веста ја потврдија од кабинетот на шефот на македонската држава.

Посетата на Ескобар доаѓа по отпочнувањето на пленарната собраниска процедура за усвојување на уставните измени за внесување и на Бугарите во Уставот. Познато е дека дневниот ред беше усвоен со 70 гласа „за“ и дека по исцрпувањето на дискусијата за предлог-одлуката за пристапување кон измена на Уставот, претседателот на парламентот Талат Џафери го одложи гласањето до обезбедување двотретинско мнозинство.

Претходна вестИ јас сум за ЕУ!
Следна вестСедум момчиња силувале девојка, сега плачат на суд