Американскиот рапер Кање Вест објави икона на Свети Климент Охридски

Икона на основоположникот на Македонска православна црква Свети Климент Охридски објавил денеска на својот Твитер-профил познатиот американски рапер Кање Вест. На објавата нема текст туку само познатата икона на овој голем христијански светител.

Медиумите објавуваат дека раперот во текот на денот објавил фотографии на околу 40-тина православни икони. Во информациите се наведува дека тој решил да ја истражува религијата на својата сопруга Ким Кардашијан, позната старлета. Тој инаку е верник на Евангелската црква, а нивните четири деца се крстени според православните обичаи. Според објавените икони, освен Свети Климент Охридски, посебен впечаток на него оставиле и иконите на Исус Христос, Богородица, Архангел Миахил, Свети Ѓорѓи….

Претходна вестЦрниот биланс не престанува: 9 пациенти починале од вирусот, 143 лица се новозаразени
Следна вестВодно денес моли, „не уништувај ме, оти утре тебе ќе те боли“